Денеска (вторник, 23 јули) во Општина Бутел во 9. 30 часот пред споменикот на поетот и пред платото на новата административна зграда на општина Бутел, ќе ја одржи втората манифестација ,,Чествување за Никола Јонков Вапцаров – 2013“ .
По положувањето свежо цвеќе пред споменикот на Вапцаров, (споменикот се наоѓа во паркот пред општината), ќе се одржи и поетско читање на најубавите авторски песни посветени на Македонија на учениците од основните училишта во општината.
Со свој поздравен говор пред присутните ќе се обрати градоначалникот Петре Латиновски.
За животот и делото на Вапцаров со свој реферат ќе настапи писателот Мирче Нешовски.
Рециталот од најубавите песни на Вапцаров ќе биде во изведба на Евгенија Ивановска Хаџи Николова, презентер во Македонско Радио.
Програмата ќе биде заокружена со настапот на културно уметничкото друштво што го носи името на поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров.
На овој ден се навршува 71 година од стрелањето на Вапцаров, (Софија, 23.07.1942 г.) од страна на тогашната фашистичка бугарска власт.