Денеска (петок, 16 август) во 20:00 часот во Црногорската галерија „Миодраг Дадо Ѓуриќ“ во Цетиње ќе биде отворена првата изложба на уметнички дела од Остен-музејот на цртеж.
Изложбата ќе ја сочинуваат околу 150 дела од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж, меѓу кои дела на Пикасо, Вазарели, Дали, Миро, Кокошка, Кристо, Пенк, Ворхол, Лихтенштајн, Величковиќ, Циуха, Муртиќ, Бербер, Личеноски, Мазев, Чемерски, Пандилов, Петлевски… и многу други дела на македонски и интернационални уметници.
Изложбата е организирана во соработка со Народниот музеј на Црна Гора во Цетиње.