Црковно хорско пеење и “Сомнително лице” синоќа на Бит Фест

Вчера вечер (сабота, 10 август) битолската публика имаше можност на проследни два интересни настани кои го задржаа нејзиното внимание.

sirok-sokak

Во рамките на Бит Фест нишкиот театар гостуваше со Сомнително лице, додека во црквата Света Богородица се одржа вечер на црковно византиско пеење.

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“ НА БИТ ФЕСТ

somnitelno lice 4

Во прекрасниот автентичен и акустичен простор на Пациото во Завод и Музеј, во рамките на БИТ ФЕСТ 2013 гостуваше Нишкиот народен театар со премиерната изведба на театарската претстава „Сомнително лице“ работена според текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Саша Габриќ.

Делото во два чина Сомнително лице (напишано 1888, за прв пат одиграно 1923) е приказна за потрагата по сомнителното лице во едно гратче. Тоа е поводот во неколку ситуации да се прикаже комичната малограѓанска глупост и тривијалниот политички цинизам. Нушиќ го создаде типот на локалниот капетан Јеротие, чиј сув рационален однос кон се што постои, неукиот цинизам и моралната нискост, создаваат парадоксални комични ситуации. Важен елемент во оваа политичка комедија е вербалната комика каде играта со зборови и досетки, писмата и шифрираните пораки се од пресудна важност за текот на дејствието и за обележување на типови и лица што донекаде ја „омекна“ сатирички интонираната комедија за една во суштина гротекстно видена власт, луѓето во неа и околу неа.

Саша Габриќ дејствието во неа го поместува во 1991 година и го сместува во едно мало гратче на југот од Србија, токму на денот кога Македонија станува самостојна држава…

Театарската претстава „Сомнително лице“ предизвика голем интерес и воодушевување кај публиката.

КОНЦЕРТ НА ХОРОТ „СВ.РОМАН СЛАТКОПЕВЕЦ“

hor_Sofija 2

Во Храмот Пресвета Богородица, во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ се одржа вечер на црковно византиско пеење. Во рамките на оваа вечер настапи хорот „Свети Роман Слаткопевец“ од Софија, Република Бугарија.

You May Also Like