Циклус на филмови за деца во Центарот за култура – Охрид

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институт за врски Скопје, Ве покануваат на Циклус на филмови екранизирани според најпознатите современи бајки.

Ohrid

Во деновите кои следат охридката публика ќе може да ги проследи следниве филмови:

1. “МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ”

Вторник, 10-ти септември 2013 год, почеток 19.00 часот, влез 60 денари.

Режија: Кристијан Тееде, 58 мин., 2009

Кога умрел стариот мелничар, неговиот син Ханс го наследил само стариот мачор, додека неговите браќа ја добиле мелницата и магарето. Ханс за малку ќе направел крзнени ракавици од животното, кога мачорот го убедил наместо тоа да му купи еден пар чизми. Мачорчето со црвените чизми потоа засекогаш ќе им ги подобри животите на Ханс и неговите браќа.
2. “ЗЛАТОКОСА”

Среда, 11-ти септември 2013 год, почеток 19.00 часот, влез 60 денари.

Режија: Бодо Фирнајзен, 58 мин., 2009

Откако една вештерка ја украла Златокоса од нејзините родители со години ја држела затворена во една кула. Оттогаш вештерката била единствената со која таа има контакт. Секогаш кога сакала да оди кај неа ја повикувала: „Златокоса, Златокоса, спушти ја косата!“ и Златокоса ја спуштала косата и со неа ја повлекувала нагоре.Еден ден принцот го видел тоа и кога се искачил по неколку метри долгата коса на Златокоса, се вљубил во убавата девојка.
3.”ХРАБРИОТ КРОЈАЧ”

Четрток, 12-ти септември 2013 год, почеток 19.00 часот, влез 60 денари.

Режија: Кристијан Тееде, 58 мин., 2008

„Седум со еден удар“ – младиот херој кој го извикува ова е кројач кој со еден удар убива седум муви. Тоа го поттикнува на уште поголеми подвизи и тој заминува низ светот. Прво налетува на банда џинови кои ги надитрува, а потоа доаѓа кај ексцентричниот крал и неговата убава ќерка Паула. Сака таа да му стане жена, но претходно мора да се справи со неколку авантури и да го спаси кралството.
4.”КРАЛОТ ЖАБА”

Петок, 13-ти септември 2013 год, почеток 19.00 часот, влез 60 денари.

Режија: Франциска Бух, 58 мин., 2008

За нејзиниот 18-ти роденден принцезата за подарок добива златна топка што мајка и ја оставила во наследство. Додека весело си игра со другарките топката паѓа во езерото на замокот. Принцезата е премногу тажна, иако тој ден очекуваат посета од еден млад човек кој треба да и ја побара раката. Од тоа зависи и иднината на осиромашеното кралско семејство. Една жаба и ветува дека ќе ја извади топката од езерото ако таа и дозволи со неа да го прослави роденденот и да јаде од нејзината чинија.
5.”ТРНОРУШКА”

Сабота, 14-ти септември 2013 год, почеток 19.00 часот, влез 60 денари.

Режија: Оливер Дикман, 58 мин., 2009

Ова е филмска адаптација на класичната бајка за Трнорушка. Како што претскажала лошата волшебничка, принцезата на нејзиниот 15-ти роденден паѓа во стогодишен длабок сон, a со неа и целиот замок кој веднаш го обвиткува густа бодликава жива ограда. 100 години подоцна, откако многу принцови ќе се обидат да ја спасат девојката, храбриот коњушар Фин, решава да се справи со предизвикот.

You May Also Like