Циклус документарни филмови за Охрид

Од денеска (вторник, 17 септември) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се прикажуваат документарни филмови за Охрид.

Dokumentarni_Filmovi_Ohrid

Почетокот на проекциите е од 20:00 часот, циклусот ќе се прикажува до 20 септември, а на него се предвидени следниве наслови:

1.Охридско Езеро

Производство: Вардар филм – Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 10 минути
Тип: Филмска лента
Година: 1958
Содржина: Природните убавини на Охридското Езеро, стариот град и чаршијата со старата архитектура и археолошките наоди во Охрид.
Награди: 1959 ФЈИФ, Пула, Прва награда на Туристичкиот сојуз на Југославија за камера на Киро Билбиловски
Автори:
Режија: Денеш Ото
Сценарио: Билбиловски Киро, Денеш Ото
Монтажа: Панков Драгомир
Снимател: Билбиловски Киро
Тон: Гојковиќ Драгољуб
Асистент снимател: Петровски Иван
Избор на музика: Стеванов Тимотие
Други соработници:
асистент режисер — Пера Јоциќ
асистенти на снимателот — Митко Куновски
консултант за колор — Предраг Стајиќ

2.Дванаесетте од Папрадник

Производство: Вардар филм – Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 17 минути
Тип: Филмска лента
Година: 1965
Содржина: По завршувањето на школувањето во Учителската школа во Охрид, дванаесетте тукушто завршени учителки доаѓаат во селото Папрадник, во Западна Македонија, во дебарскиот крај, за да им го пренесат своето знаење на учениците.
Награди: 1966 ФЈДКФ, Белград, Награда ex equo (Прва награда) за режија на Димитрие Османли
Автори:
Режија: Димитрие Османли
Сценарио: Димитрие Османли
Монтажа: Драгомир Панков
Снимател: Бранко Михајловски
Музика: Андреј Бељан
Тон: Глигор Паковски

3.Охридските трубадури

Производство: Про Артс, Фабрика
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Година: 2005
Содржина: Приказна за трубадурите во Охрид, за Климе Садило и неговиот такам, за историјата на охридската чалгија, за Охрид во XX век, за езерото, за боемите, за серенадите…
Автори:
режија — Атанас Чупоски
снимател — Марјан Огненовски
монтажа — Сашко Гошев
сценарио — Атанас Чупоски

You May Also Like