Во Вашингтон, Њуjорк и Ен Арбор во Мичиген ќе се одржи трка за помош на децата без родители од Домот 11-ти Октомври во Скопје. Организатор на трката „Ајвар 5к“ е Обединетата македонска дијаспора.
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) најавува дека добротворниот настан, трката Ајвар 5К, поради големата заинтересираност, оваа година по втор пат ќе се одржи во Вашингтон и за прв пат оваа година на две други локации во Њујорк и Ен Арбор во Мичиген. Сите три трки по повод 22 годишнината од осамостојувањето на Македонија ќе бидат одржани во Недела на 8-ми Септември 2013.
Завршувањето на трката на сите локации ќе биде одбележана со попладневен пикник, музика, оро и добра дружба! За да се регистрирате за трката стиснете ТУКА.
Средствата собрани од сите три трки ќе бидат донирани на Домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје во кој нови подови, теписи, шкафови и многу други работи се повеќе од потребни. Во зависност од тоа колкави ќе бидат донираните средства ОМД се надева дека ќе може да помогне и сна Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
Трката во Ен Арбор во Мичиген под наслов „МК Ајвар 5К трка за различност“ е организирана од страна на Македонско-Американската Студентска Асоцијација (МАСА) при Универзитетот во Мичиген и дел од средствата ќе бидат донирани на локалната асоцијација Роналд Мек Доналд за деца на кои им е потребна помош.
Благодарејќи на дарежливоста и великодушноста на многубројните пријатели, од различни националности, заедно со Обединетите Македонски Американци од Детроит минатата година,во домот за деца без родители 11-ти Октомври беа обезбедени 25 нови крветчиња и душеци. Во партнерство со Pencils 4 Kids International, основана од страна на Амбасадорката Љубица Ачевска член на советот на ОМД, обезбеден беше и школски прибор. .
Заинтересираните за подетални информации за учество на трката Ајвар 5К во Вашингтон, Њуjорк и Ен Арбор како и за донирање можат да го проследат следниот линк: