Како дел од хуманитарната акција за собирање на школски прибор и храна, а поради големиот интерес кај граѓаните за донирање, утре (сабота, 24 август 2013 година) во период од 10 -13 часот ќе бидат отворени неколку пункта и храна и тоа:
Школскиот прибор и храната може да се донираат на следниве пунктови:
– Маркетот Тинекс – Раде Канчар,Скопје
– Маркетот Тинекс – Зебра, Скопје
– Маркетот Тинекс во Охрид
– Маркетот Тинекс во Штип.
Во акцијата ќе може да се донира школски прибор, но исто така и храна, облека и се што би придонело почетокот на школската година да биде весел и успешен и за децата од социјално загрозените семејства.
Оваа акција е организирана од страна на неколку невладини организации: Уметност на живеење, Арт Лајф, СУНА и Банка за храна Македонија,како дел од активностите за борба против сиромаштијата. Истата ќе трае до 1 септември 2013 год.