Хрватскиот портал „Moderna vremena“ го препорачува „21“ на Османли

Хрватскиот портал за книжевност и уметност „Модерни времиња“ (www.mvinfo.hr) замоли четиримина водечки литератуни критичари да состават листа од вкупно 36 книги книги кои би ги препорачале за читање ова лето.

tomislav osmanli

Долгогодишните проследувачи на издвачката дејност: Драган Јурак, Марио Главаш, Божидар Алајбеговиќ и Вишња Пентиќ во насловниот текст на ова издание на порталот ги објавуваат своите фаворити за ова лето, опфаќајќи ги во своите предлози сите книжни жанрови: публицистички, белетристички, прозни и поетски, како од домашни така и од преведени автори.

Во изборот на критичарот Божидар Алајбеговиќ, еден од трите хрватски критичари кој во емисијата „Библиовизор“ на Хрватсскто радио ја објави аналитичката пофална рецензија посветена на романот на македонскиот автор Томислав Османли, како еден од единаесетте предлози на петто место го предлага за прочит македонскиот роман „Дваесет и првиот“.

Романот ’21-от’ не’ води на патување низ македонската политичка и литературна историја и претставува своевиден tour de force на Томислав Османли којшто со оваа книга се обидува да ги објасни слоевитите поделби во македонското општество и апокалиптичкиот карактер на себалканскиот идентитет“, стои забележано во препораката за читање на хрватскиот критичар, кон преводот на хрватски на наградениот македонски роман.

Инаку изборот на критичарот Божидар Ајабеговиќ за летото 2013 година го сочинуваат книгите на десет современи интернационални автори и на еден класик на јужнословенската литература. Неговите книжевни фаворити се: Дарио Гргиќ, Борис Постников, Андреј Макин, Нам Ле, Томислав Османли, Драган Великиќ, Кристијан Новак, Теофил Панчиќ, Миљенко Јерговиќ, Мјуриел Барбери, и класикот Меша Селимовиќ.

Објавата на оригиналниот текст – ЛИНК.

You May Also Like