Хорот „Драган Шуплевски“ на Охридско лето

Денеска (8 август, четврток) во 21:00 часот во црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи мешаниот хор „Драган Шуплевски“, под диригентската палка на Сашо Tатарчевски.

hor Dragan Shuplevski FMU  (1) (Copy)

На програмата се дела од: Зографски, Прокопиев, Македонски, Чесноков, Парт, Кедров, Аренски, Свиридов, Чајковски, Гречанинов

Мешан хор „Драган Шуплевски” при Факултетот за музичка уметност – Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Сегашното име го добива во 2002 г. во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува во проекти заедно со другите ансамбли на ФМУ и на реномирани фестивали: „Мајски оперски вечери”, „Интерфест”, ТЕХО, „Нишки хорски свечености”, „Мајски хорски конкурс”, „Варсовиа Кантат“ и др. Неговиот репертоар е стилски разновиден – од ренесансата до најсовремени творби. Посебен настан секоја година претставуваат концертите на духовна музика во централните храмови на Македонската православна црква и католичката црква во Скопје. Од концертите на хорот се направени неколку ТВ и радио снимки, а ФМУ издаде и компакт дисковите од два концерта на духовна музика „Вечерна жртва” под диригентство на актуелниот диригент на хорот вон. проф. Сашо Татарчевски. Својот квалитет и напредокот во последните неколку години хорот ги потврдува и со освојувањето награди на меѓународни хорски натпревари. Како резултат на тие настапи, хорот е веќе вмрежен со голем број Европски хорови и е редовно покануван да учествува на реномирани фестивали и натпревари.

You May Also Like