Фрлена сол на скопските улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ перманентно ја следеа состојбата на терен и интервенираа на повеќе сообраќајници во насока на спречување на појава на голомразица.

Во таа насока екипите интервенираа на повисоките зони кон населбите Црниче, на булеварите Гоце Делчев, Јане Сандански, Србија, Александар Македонски и булевар Војводина, на улиците Коце Металец, Свети Кирил и Методиј (поранешна улица Мито Хаџивасилев Јасмин), Трета Македонска бригада, ул.Борис Трајковски до населба Драчево, сите надвозници, како и сите мостови на територијата на град Скопје.

За време на активностите на скопските булевари и улици, од екипите на зимската служба и ЈП „Улици и патишта” се фрлени 170 тони сол.

Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на патот.

You May Also Like