(фото) Младинскиот оркестар на ЕУ синоќа настапи во МОБ

Младинскиот оркестар на Европската Унија синоќа во Македонската опера и балет одржа концерт, вклучувајќи се во низата културни активности во рамките на кампањата „Скопје се сеќава“ која се организира по повод 50- годишнината од скопскиот земјотрес.

Mladinski orkestar na EU vo MOB (1) Настапот на овој голем ансамбл, во кој членуваат уметници од сите 28 земји-членки на Унијата, и кој за прв пат гостува во Скопје, е во организација на Дирекцијата за култура и уметност со поддршка на Министерството за култура и на делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Концертот, на кој прозвучија дела од Карл Марија фон Вебер, Леонард Бернштајн и од Игор Стравински, како што истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска е само еден во низата на проекти кои Владата на Република Македонија и Министерството за култура ги поддржаа во изминатиот период и кои овозможија пред македонската јавност да се претстават најреномираните ансамбли и уметници од целиот свет.

Веќе ги видовме оркестарот на Бољшој театарот, Израелскатаи Лондонската филхармонија, Рускиот симфониски оркестар, а вечерва ќе го проследиме и настапот на овој престижен Младински оркестар на Европската Унија. Дозволете ми да забележам дека Република Македонија е денеска несомнено афирмирана и атрактивна културна дестинација која го провоцира вниманието на големите имиња од светот на уметноста но, и на посетителите кои се гости на нашите фестивали и манифестации“, истакна Канческа-Милевска.

Mladinski orkestar na EU vo MOB (2)

Mladinski orkestar na EU vo MOB (3)

Таа го изрази своето задоволство што од следнатагодина во овој оркестар ќе членуваат и македонски музичари како дел од проектот „Македонија“ на Младинскиот оркестар, „Скопското лето“ и Музичката младина на Македонија. Неколку млади македонски музичари идното лето ќе му се приклучат на оркестарот на турнеја во Австрија, а се планира Оркестарот во август 2014 да има концерти и на летните фестивали во Охрид и Битола.

You May Also Like