Со самата набавка и ставање во функција на два современи апарати во лабораторијата за хемиски и физички испитувања на културното наследство во НУ Конзерваторски центар, Македонија добива една од најсовремените лаборатории од ваков вид во регионот.
Премиерот Никола Груевски денеска (вторник, 27 август) заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, присуствуваше на промоцијата на новата опрема во лабораторијата сместена во Националниот конзерваторски центар.
Груевски истакна дека новата опрема драстично ќе го зголеми стандардот на научното работење на вработените во оваа институција.
„Набавени се два крупни апарти кои што се комплементарни како составен дел на оваа лабораторија и во иднина може да се каже дека во Македонија ќе има најсовремена лабораторијам. Се работи за опрема за истражување на културното наследноство во смисла на хемиско и физичко истражување. Тоа ќе помогне многу во конверзации, бидејќи го одредува точниот хемиски состав ако претходно се вршеле некои реставрации, хемискиот состав на кој што е изработено делото. Понатаму, други активности минеролошки истражувања, така што се работи за значајна опрема. Претходно луѓето што работат тука имале некоја прилично застарена опрема од пред 35 години која што е сосема различна од ова денеска“, истакна Премиерот.
Набавката на опрема за лабораторијата во Националниот конзерваторски центар е дел од владиниот проект за набавка на лаборатории за државните институтции кои се користат за научни цели, за едукација, но и за потребите на бизнис секторот. Досега со софистицирани апарати за анализи и истражувања се опремени околу 90 лаборатории.