Синоќа (четврток, 5 септември) во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија беше отворена изложбата “Есен” од уметницата Афердита Кики.
Авторката Кики се претстави со асамблажи и колажи oд својот најнов творечки опус. Ова беше нејзино прво претставување пред бројна публика во главниот град на Бугарија, а нејзиното гостување подржано од Министерството за култура на Република Македонија и остварено во соработка на КИЦ на Република Македонија во Софија и Националната галерија на Македонија.
Изложбата ја отворија директорот на македонскиот центар Васко Шутаров, директорката на Националната галерија на Македонија Халиде Палоши и кураторот на изложбата Љупчо Маленков.
За 26 Септември, КИЦ на Република Македонија најавува отворање на изложба на скулпторот Жарко Башески во галеријата “Париз/Москва” а на 3 Октомври изложбата “Моми”-и двете во соработка со Музејот на современа уметност во Скопје.