(фото) Започна изградбата на новиот објект на струмичкиот театар

Пред неполни два часа започнаа активностите за изградба на новата зграда на струмичкиот театар …

nov teatar strumica 320

Во присуство на претседателот на Владата, Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, пратеници во Собранието на Република Македонија, како и бројни граѓани, денеска во Струмица, започнаа активностите за изградба на струмичкиот театар.

Новиот објект ќе биде изграден на местото на стариот Театар во Струмица, чија што зграда е подигната (на темели од турска бања) во периодот меѓу втората половина на 1948 и почетокот на мај 1949 година.

Во  обновата и изградбата, како и опремувањето на  театарот со најсовремена сценска техника Владата, како што истакна премиерот Груевски, ќе инвестира 220 милиони денари.

nov teatar strumica 640 11

– Повеќе години изградбата и обновата на стариот струмички театар е тема на струмичката чаршија, но и тема на многу избори и политички ветувања. За жал, таквите ветувања за обновување на театарот никој до сега не смогна сили да го исполни. Дури и господинот Заев пред повеќе години ветуваше дека сам ќе го обнови театарот. Но, од таквото ветување, за жал, останало едно големо ништо. Со оглед на ваквата ситуација, изградбата на театарот влезе во нашата програма и ние цврсто застанавме позади неговото возобновување. Ветивме дека ќе го изградиме и не заборавивме на нашето ветување, нагласи премиерот Груевски.

nov teatar strumica 640 10

Тој посочи дека  повеќе години се работело за да се спроведат сите потребни подготовки за да започне реализацијата на проектот.

– Не беше ниту лесно, ниту едноставно. Но, она што го зацртавме бевме силно решени да го исполниме и го исполнуваме. Од  денеска започнува новото раѓање на стариот струмички театар, рече премиерот Груевски.

Изградбата на стариот струмички театар за министерката Елизабета Канческа Милевска значи возобновување на еден култен простор во кој се презентира уметничкиот потенцијал на актерите од целата земја.

nov teatar strumica 640 4

– Струмичкиот театар ќе има најсовремени перфоманси и извонредни сценски и аудиовизуелни ресурси. Комплетно ќе биде обновен екстериерот и ентериерот на стариот театар. Ќе бидат реконструирани и дел од оригиналните орнаменти на објектот при што ќе бидат користени стручните сугестии на авторот Цане Јанкуловски, нагласи Милевска.

Првата премиера во обновениот стар струмички театар треба да се прикаже по 18 месеци.

 

 

 

You May Also Like