Вчера (недела, 28 јули) во Струга, заврши првиот фестивал за процесирање култура ДримON, организиран од ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам).
Петте фестивалски денови (24-28 јули) беа тематски обоени: Јаки жени, Ачик активизам, Збор-два-текст, Утрешниот уметник, Урбан шаман. Сите активности се одиваа на летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.