Матицата на иселениците од Македонија, Светскиот Македонски конгрес, Сојузот на македонците од Егејот Македон во соработка со повеќе здруженија на граѓани општина Битола вчера (петок, 2-ри август) во потпелистерското село Трново по 42 пат ја одржаа Светската семакедонска илинденска средба.
На средбата се обратија пратениците во Собранието на Република Македонија Милорад Додевски, Павле Саздов, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, заменик министерот во МЗШВ Зоран Коњановски, Тодор Петров од СМК, Ташко Јованов од здружението Македон и многу други.
Се обрати и покровителот на средбата, Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.
„Од Битола повикувам сите македонци, обединети како едно ткиво да се бориме за иднината на идните генерации и поколенија. Битолскиот регион како најпечалбарски крај во Република Македонија со најмногу иселеници во европските и прекуокеанските земји сега има најдобри услови за инвестирање, ве повикувам да се вратите дома, дојдете си дома и планирајте го своето семејство и својот живот во Битола, во Македонија“- рече Талески.
Проследете и дел од обраќањето на Ташко Јованов, претседател на „Сојуз на Македонците од Егејот „МАКЕДОН“:
Средбата продожи во духот на македонската песна која ги сплоти присутните и придонесе да посакаат повторно да дојдат во Трново на 43 Светска семакедонскa илинденска средба.