(фото) Битола опремен со најсовремена дигитална техника за слика и звук

Центарот за култура Битола и оваа година традиционално ќе ги отвори вратите за интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој започува в сабота (14 септември), но овој пат опремен со најсовремена дигитална техника за слика и звук.

kino oprema 1 centar za kultura bitola

Непосредно пред фестивалот, киното во Големата сала е опремено со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор од водечкиот светски производител на дигитални проектори „Barco“ со можност за проекции во висока 2К резолуција.

kino oprema 2 centar za kultura bitola

Постоечкото платно е заменето со ново, високо рефлективно, со што нивото на квалитетот на сликата ќе ги достигне стандардите на светските кино сали. Додека за потполно нов 5.1 и 7.1 сараунд звук е инсталиран Долби систем CP 650, што значително ќе ги подобри перформансите во поглед на звукот.

Со ова Фестивалот но и градот Битола добива современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук. Со тоа се отвора едно ново поглавје во киното во Големата сала при Центарот за култура Битола, кое набрзо после фестивалот ќе започне и со редовни 3Д проекции на најновите филмски остварувања, односно целта е кино репертоар 365 дена во годината во Центарот за култура.

Оваа опрема е набавена со поддршка на Министерството за култура на РМ, Филмскиот фонд на РМ кои одвоија 51.000 евра, Општина Битола (30.000 евра) и европската мрежа Еуримаж, чиј член е Центарот за култура, која одвои исто така 30.000 евра.

kino oprema 4 centar za kultura bitola

kino oprema 3 centar za kultura bitola

You May Also Like