Општина Гази Баба и Министерството за труд и социјална политика денеска (четврток, 12 септември) со почеток во 12:00 часот во просториите на општината, организираат средба со работодавачите од нејзина територија.
Претставниците од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, во соработка со Локалната самоуправа ќе ги презентираат Активните програми/мерки за вработување во насока на јакнење на соработката со работодавачите, во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво.
На форумот ќе се обрати градоначалникот Тони Трајковски.