Филмувани бајки на репертоарот на Охридското кино

Од утре (вторник, 10 септември) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се прикажува серијал со најпознатите филмувани бајки. Проекциите се со почеток од 19:00 часот.

bajki

Серијалот започнува утре со филмот „Мачорот во чизми“. На 11-ти септември ќе се прикажува „Златокоса“, на 12-ти е филмот „Храбриот кројач“, на 13-ти септември најмладите ќе уживаат во „Кралот жаба“, а ревијата завршува в сабота на 14-ти септември со филмот „Трнорушка“.

Циклусот со бајките го организираат охридскиот Центар за култура во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институтот за врски од Скопје.

You May Also Like