Денеска (среда, 7 август 2013), од 20:30 часот на камената бина на плоштадот Александрија во Прилеп, ќе се реализира филмска вечер, на која ќе бидат прикажани 13 филмови од 42 Државен фестивал на непрофесионален филм, меѓу кои и наградените.
Публиката ќе има можност да проследи едноминутни, кракти, документарни и анимирани филмови, меѓу кои и на прилепските автори “Изолација” и “Неоставрени желби” по сценарио и во режија на Кирил Каракаш, “Казарница” во режија на Анастасиа Бошкоска, како и одличниот игран филм” Крвави пари” по сценарио и режија на Ерман Мемети, добитник на Гран при.
Филмовите што ќе бидат прикажани беа дел од официјалната програма на Државниот фестивал на непрофесионален филм што неодамна за првпат се одржа во Прилеп.
Филмската вечер, која е во рамките на Прилепското културно лето, ЦК”Марко Цепенков” ја реализира во соработка со Фото кино клубот Прилеп.