Филмот „Човекот со чудна навика…“ на фестивал во Мотовун

Краткиот игран филм човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава, по големиот успех и гран при наградата за најдобар краток филм во југоисточна Европа продолжува со своите успеси.

covekot_so_cudna_navika2

На престижниот фестивал МОТОВУН во Хрватска , во селекцијата за кратки филмови, „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“, се натпреварува за ново гран при, и веројатно нов успех на Македонската современа кинематографија. Мотовун е еден од најпрестижните филмски фестивали во регионот.

Се чини дека секој нареден ден во животот на Петар е полош од претходниот. Тоа значи дека
по некое чудно правило, секој следен ден е најлошиот ден во неговиот живот, се
додека….еден ден, мистериозен човек се појавува одеднаш во животот на Петар и започнува
да го удира по глава со својот чадор… И повторно, и повторно… без никаква намера да
престане со ударите по главата на Петар. И покрај секој обид на Петар да се оттараси од
натрапникот, малиот човек е секогаш…

Режисер: Вардан Тозија

Директор на фотографија: Владимир Самоиловски

Сценограф: Срѓан Митровиќ

Костимограф: Раде Василев

Композитор: Алек Пејовски

Монтажер: Филип Грчевски

Продуцент: Огнен Антов, Иво Антов

Филмот е финансиски помогнат од филмскиот фонд на Република Македонија

You May Also Like