Филмот „Изгрејсонце“ на Филмските денови во Битола

Вечер (18 август, недела) во рамките на филмските денови „See a Paris“, во 21:00 часот во Магаза во Битола ќе биде прикажан филмот „Изгрејсонце“.

filmski_proektor

„Изгрејсонце“ – Албанија, Грција, Филм на Роберт Будина

Самир и неговиот помлад брат Вини се албанци. Тие и двајцата се обидуваат да се интегрираат во животот на Солун на свој начин. Самир е свршен за една млада гркинка и работи како мајстор во работилницата на татко и. Тој се обидува да му помогне на својот брат Вини да стане самостоен и почитуван преку работа. Сепак на Вини му недостасуваат двете, трпение и упорност. Тој е принуден да работи на места кои неговиот брат ги наоѓа за него, но секаде е систематски отпуштен од работа.

Вини не сака да биде зависен од Самир и се обидува да покаже дека тој може да успее сам. Во еден бар во близина на пристаништето тој се запознава со Бен, ситен криминалец тесно поврзан со локалната албанска мафија. Вини започнува да заработува лесни пари и живее во луксуз, но во меѓувреме го открива кошмарот на проституцијата, како и страшната судбина на многу девојки, кои емигрирале со надеж за подобар живот. Тој се вљубува во Мајлинда, жртва на проституција, на која ќе и помогне да излезе од канџите на Кено, лидер на локалната мафија. Вини ќе побара помош од својот брат Самир и ќе го повлече во вителот на насилството…

You May Also Like