Фестивалот Сигет со отворен повик за сите уметници

„Дизајнирајте го симболот на Островот на слободата, изработете склуптура, инсталација или декорација која ќе биде навистина интересен елемент на овогодишното издание на Сигет Фестивал!“ – се вели во повикот на еден од најдобрите музички фестивали во светот Сигет.

sziget_2014

Артистите, во групи и поединечно, може да се пријават за три различни категории оригинални дела, а организаторите одвоија вкупно 80.000 евра за реализација на најдобрите! Делата ќе бидат изложени како спектакуларни инсталации на отворено за време на самото одржување на фестивалот од 11 до 18 август 2014.

Повеќе детали за повикот и начинот на пријавување можете да прочитате на следниов линк

You May Also Like