Фестивалот “Пеце Атанасоски” по 39-ти пат

По 39-ти пат од 5 до 7 јули ќе одекнат гајдата, тапанот, кавалот, кемането, ќе се слушне традиционалната “Отидов село Долнени”.

Ќе започне Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски“. На Фестивалот ќе учествуваат 250 инструменталисти и фолклористи од земјата и странство.Оваа година покрај учесници од земјата има и претставници од Бугарија, Србија, Словенија. Фестивал со исклучително значење за македонската култура и традиција.

Програмата започнува денес (петок, 5 јули) во 18.00 часот кога ќе се одржи промоција на книгата „Македонското традиционално народно пеење – хрестоматија со мелопоетска анализа“ од доктор Родна Величковска. Отворањето е во 20.00 часот на летната сцена Александрија во Прилеп.

Натпреварувачкиот дел завршува во недела кога ќе бидат доделени традиционалните признанија.

You May Also Like