Утре (среда, 24 јули) на Летната Сцена при Центарот за Култура во Струга во 12:00 часот започнува првиот фестивал за процесирање култура ДримОN. Организатор на настанот што ќе трае до 28 овој месец е Здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА.
Фестивалот е дел од визијата на ИНКА за остварување и одржување постојан проток на создавачка и креативна уметничка сила. ДРИМON е насочен кон оживување на креативната сфера на уметноста и културата во која лежи огромен потенцијал за подобрување на сеопштиот квалитет на живеење и основната цел е да се претстават „креативни производи“ кои се темелат на знаење, умешност, љубов, автентичност и корисност.
Попрецизно, се работи за фестивалски кој покрај релацијата примач-излагач сака да понуди и интерактивно внесување на посетителот во самиот чин на културно процесирање. Фестивалот нуди и едукативен дел преку предавања и работилници со цел да ја предизвика љубопитноста и потребата кај посетителите да го надградат своето знаење и вештини за креативно изразување надвор од формалните рамки на образованието, а со посебни утрински работилнициќе бидат опфатени и најмладите од 8 до 13 години.
ДримON пред се претставува автори од младата современа арт сцена во Македонија, но опфаќа и реномирани предавачи од академската и креативната бизнис сцена.Петдневната фестивалска програма нуди можност да се доживеат тематски и жанровски различни области од уметноста и културата. Програмата опфаќа предавања, креативни работилници, уметнички, театарски и музички перформанси, изложби, видео проекции на авторски филмови од Македонија.
ДримON е замислен како можност за процесирање различни области од културатаиопфаќа тематски денови посветени на:
Ден 1: Јаки жени – женско творештво
Ден 2: Ачик Активизам – активизмот и креативните индустрии
Ден 3: Збор – два – текст – книжевен лавиринт
Ден 4: Утрешниот уметник – современи текови во уметноста
Ден 5: Урбан Шаман- уметноста на живеењето
Фестивалот се разлизира во копродукција со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, без финансии, а благодарение на поединци и дел од бизнис заедницата во Македонија.