Македонија 2025 како дел од едукативната програма за извршни директори организираше работната посета на Торонто, Канада.
Група македонски извршни директори, претприемачи и претставници на бизнис секторот, предводени од Македонија 2025 оствари значајни работни посети во некои од најуспешните канадски компании: Сириус Икс Ем Канада, Микрософт Канада, Телус Интернешнел, Магна Интернешнел, Сиарс Канада, Сапуто Инкорпорејтед и Канадиан Бомбардиер.
Овие посети беа остварени во насока на стекнување нови искуства и знаења од бизнис процесите и начинот на работа на овие компании, остварување контакти за идна соработка, промоција на трговска размена и промоција на Македонија како дестинација за странски инвестции. Македонската делегација беше пречекана на највисоко ниво од извршните тимови на компаниите, од кои имаше можност да научи повеќе за корпоративната култура во Канада. Клучните вредности на канадските компании се отворената комуникација, тимската работа и континуираното мотивирање на вработените. Сите компании имаат високо развиени системи за управување со човечки ресурси и ставаат огромен акцент на задоволството на вработените заради тоа што токму нивното задоволство им носи одлични резултати на компаниите.
Вториот дел од оваа работна програма на Торонто опфаќаше следење на Извршна програма за стратегиска промена на Шулих Школата за Бизнис за чија школарина се погрижи Македонија 2025. Главната цел на овој курс е да помогне радикално да се промени и преосмисли стратегијата на една организација. Инструктор на оваа програма е Рона Беренгут, вонреден професор на Шулих Школата за Бизнис, Основач на Сигма Стратешки Решенија и добитник на голем број награди од областа на стратегискиот менаџмент. Извршните директори од Македонија се презадоволни од можноста да следат ваков, извонреден курс.
„Програмата беше одлична комбинација од академско и практично знаење и поврзување. Инструкторот воспостави одлична интеракција меѓу учесниците на програмата, а се водеа и многу квалитетни дискусии“ –Лидија Нануш, Извршен директор на Дилоит Македонија
„Имавме одлчична можност да учествуваме на извршната образовна програма на една од најдобрите бизнис школи во светот. Останатите учесници и инструкторот покажаа највисоко ниво на професионалност, се запознавме со нови концепти и добивме знаење кое понатаму можеме да го користиме и споделиме со нашите соработници и колеги.“ – Никола Мизо, Директор на ПЦ Хемија, Козметика и Билка, во Алкалоид АД Скопје.
Македонија 2025 е исклучително задоволна од струдиската програма во Торонто и се надева дека знаењето и искуството стекнати за време на оваа програма ќе им помогнат на македонските бизнис професиналци за успешно работење и подобрување на одредени деловни сегменти.