Успешна крводарителска акција во Општина Илинден

По повод патрониот празник на Општина Илинден „Илинден – 2-ри Август“ во Домот на култура во нас.Илинден успешно се реализираше крводарителска акција.

krvodariteli

Жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност, преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот, зашто крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи.

Во посета на крводарителската акција беа и директорката на Институт за трансфузиологија, д-р Емилија Велкова и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Како знак на благодарност за придонес и поддршка на крводарителски акции во Општина Илинден директорката на Институтот за трансфузиологија Велкова му врачи позлатен привезок на градоначалникот Стојановски со неговата крвна група изграфирана на привезокот.

Според Црвениот крст, бројот на крводарители од Општина Илинден од година во година се зголемува и ова е најуспешната акција досега во која 52 крводарители ја даруваа драгоцената течност што значи живот. Во февруари годинава крв даруваа 48 жители на Општина Илинден.

You May Also Like