„Урбан шаман“ за крајот на првиот ДримON

Последниот ден (28 јули, недела) од фестивалот ДримON во Струга е со интригантен наслов „Урбан Шаман“, и е посветен на истражување на врската меѓу уметноста и духовноста.

da_se_bide_avtenticen_drimOn

Како дел од оваа програмска целина јога учителот од Струга Ванчо Тасески, за време на целиот фестивал, секоја вечер со почеток во 19 часот ги води медитациите посветени на љубовта за градот.
Марина Анческа, предавач од НЛП, ќе го претстави неуролингвистичкото програмирање како една од најмоќните алатки за себеостварување. На потрага по себе си и по автентично себеостварување е посветено и предавањето на Маја Танева „Да се биде автентичен“. Ова предавање е дел од истражувачкиот проект на Центарот за Културни Студии во Берн.

Потоа следат изложбите на Ели Аиноска, Билјана Ангелеска и Стевчо Наумоски од здружението Aртерија – Охрид, како и театарска претстава „Љубовникот„ од Харолд Пинтер во режија на Ирена Стеријовска. Фестивалот ќе биде затворен со музички сет на локалниот реге гуру Rootboy Selecta.

Програма:

12:00 Изложба и настап од работилниците со млади
14:00 Предавање, работилница: „Семоќниот NLP“, Марина Анчевска
19:00 „Медитации: Љубовта во себе, љубовта за себе, за другите, за градот“
Професор по јога Ванчо Тасески
20:00 Предавање: „Дали си автентичен?“ Маја Танева
21:00 ИЗЛОЖБА на Ели Аиноска, Билјана Ангелеска, Стевчо Наумоски
22:00 ПРЕТСТАВА: „Љубовникот“ од Х. Пинтер, режија: Ирена Стеријовска,
играат: Теоман Максут и Анкица Бенинова

pretstava_ljubovnikot_drimON

You May Also Like