Амбасадорот на Унгарија г-дин Јозеф Бенце денеска ја посети Општина Илинден и со градоначалникот Жика Стојановски разговараше за економските потенцијали на општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици за инвестирање во Општина Илинден.
Градоначалникот Жика Стојановски на амбасадорот Бенце му го презентираше профилот на општината, 9-те економски зони, можностите за развојот на културата, спортот, образованието, како и капиталните проекти.
Во рамки на посетата амбасадорот Бенце го посети и Домот на култура „Илинден“ каде се запозна со просторните можности кои ги нуди овој капитален проект.