Унгарската танцова група „Сегед“ гостува во Скопје

Унгарската фолклорна група „Сегед”(Szeged Táncegyüttes) на 19 септември (четврток) во 18:00 часот настапува во холот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.

Szeged

Танцовата група „Сегед“ ќе има ексклузивен настап пред публиката на универзитетот и ќе го прикаже методот на пренесување на културното наследство (преку народни танци) популарен во Унгарија, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО. Нивниот перформанс е со интерактивен карактер наменет за сите возрасти.

„Сегед“на 20 септември ќе настапи и во Општина Илинден.

Настанот е организиран од Амбасадата на Унгарија во Р. Македонија и Лекторатот по унгарски јазик во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.

You May Also Like