Ректорот Нинослав Марина и Ректорот Аурел Влаику потпишаа Договор за меѓународна научна соработка меѓу Универзитетот за Информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле ” и Техничкиот универзитет Клуж-Напока, кој е еден од најпрестижните универзитети во Романија основан уште во 1948 година.
Како што е наведено во Договорот, соработката ќе се фокусира на: размена на информации за образовни и истражувачки активности, развој на заеднички проекти, размена на програми за студенти и научници, формирање на заеднички магистерски и докторски програми, како и други форми на соработка во образованието, истражувачката дејност и раководењето.
Оваа соработка ја иницираше Панде Лазаревски, Амбасадор на Република Македонија во Романија. Таа претставува дел од програмата на Ректорот Нинослав Марина за интензивна меѓународна соработка.