Од авторот на филмовите „Мадагаскар“ и „Кунг Фу Панда“ од денеска (4 септември, среда) во киното Милениум пристигнува „Турбо“ – супер брза комедија за обичниот полжав кој се осмели да сонува за големи и брзи соништа.
Жанр: анимиран, 3D, комедија
Режија: Давид Сорен
Сценарио: Дарен Лемке, Робет Д. Сигл, Давид Сорен
Улоги: Рајан Рејнолдс, Пол Џамати, Мајкл Пења, Самуел Л. Џексон, Луис Гузман, Снуп Дог
Земја на продукција: САД
Синопсис:
Од авторот на филмовите „Мадагаскар“ и „Кунг Фу Панда“ ни пристигнува „Турбо“ – супер брза комедија за обичниот полжав кој се осмели да сонува за големи и брзи соништа. Непосредно по необичната несреќа, Турбо добива моќ да биде супер брз и неговите сни добиваат нова димензија, додека Турбо се впушта во неверојатна авантура со што би го постигнал невозможното – да се трка против славниот тркач Џи Ганјеа. Со помош на својата снаодлива екипа на полжавите од маало, овој херој без многу шанси ќе ги остави своето срце и куќарка на стазата, само за да докаже дека ниеден сон не е преголем и ниеден сонувач премал.
За режисерот:
Дејвид Сорен е Канадски режисер и аниматор кој активно работи за студиото „DreamWorks Animation“. Пред филмот Турбо неговите најзначајни работи беа специјално направени врз основа на франшизата „Мадагаскар“. Сорен работел на анимациите на филмовите „Shrek“, „Shark Tale“ „How to train your dragon“, „Over the Hedge“…