Тројца македонски уметници наградени во Париз

На почетокот на годинава париската галерија Ду Коломбиер во соработка со Европската престолнина на културата Умеа 2014 распиша конкурс на тема “Заедно во Хармонија” (Together in Harmony) за награди за сликарство, фотографија и скулптура.

mak_umetnici_proekt_together_in_harmony

Француската галеристката Лиза Саертиан ги покани македонските уметници што досега излагале во проект галеријата Прима Центер Берлин да земат директно уцество на овој конкурс. На 10.07.2014 беа објавени резултатите на тој интернационален конкурс.

Жири комисијата во состав: Жеан-Герард (директор на Франс Инфо – Радио Франс), Жанин Касарил (Галерска), Маттиа Орместад (фотограф, член на советот на Европската престолнина на културата Умеа 2014) и Лиза Саертиан (галеристка и претседател на жири комисијата) од вкупно девет предвидени награди дури три од нив им ги додели на македонските уметници и тоа:
Прва награда – Награда за сликарство на Јован Балов
Втора награда – Награда за скулптура на Сашо Саздовски
трета – Награда за сликарство на Пандора Апостолоска Саздовска.

Наградените автори ке имаат можност да се претстават со самостојни излозби во галеријата Ду Коломбиер во Париз и ке бидат вклучени во ликовната програма на Европеската престолнина на Културата Умеа 2014 година.

mak_umetnici_proekt_together_in_harmony1

You May Also Like