Издавачкиот центар ТРИ подготви едиција на книги кои својата промоција ќе ја доживеат токму на Саемот на книгата кој почнува вечерва, а ќе трае до недела, 29 април. Во продолжение ви презентираме сите актуелни наслови објавени од ТРИ во последниот период:
„ГОДИНАТА МИНУВА, ДЕНОТ НИКОГАШ“ – автобиографијата на Жарко Лаушевиќ, која е една од најчитаните и најзборувани книги предиодов на Балканот, и тоа не без причина – по цели 18 години Лаушевиќ реши ја отвори својата душа и да проговори за трагедијата што засекогаш го промени неговиот живот.
„1Q84“ – третиот дел и последен дел од овој фантастичен роман, во кој Мураками и се навраќа на љубовта. Течењето крв, како единствен доказ за реалниот свет, е вистинскиот слоевит одговор на Големото прашање на Мураками. Романот 1Q84, покрај другото, е и критика на забрзаното темпо на живеење, на технолошкиот развој, на насилството, на алчноста и на вечниот стремеж за стекнување нешта на глобално и на лично ниво.
„ДРСКО ЦРВЕН КАРМИН“ – збирка раскази на една од нашите најчитани автори, Јагода Михајловска-Георгиева. По успехот на романите „Каменот од Твојот ден“ („Рациново признание“ и три изданија) и „Индиго Бомбај“ („Роман на годината“ и шест изданија), само навидум е нејзин прескок во друг жанр. Зашто всушност, таа, со децении пред тоа беше препознатлива како автор на куси раскази. И еве ја повторно, со нејзиниот маркантен стил : посегање по „ситен вез“ и особена вештина од „ништо да создаде нешто“, а тоа „нештото“ да биде секому блиско.
„ТАЈНИОТ ЈАЗИК НА ЦВЕЌИЊАТА“ – во својот прв трогателен и елегантно напишан роман, Ванеса Дифенбо на прекрасен начин ги преплетува минатото и сегашноста, создавајќи јасен портрет на една незаборавна жена чија дарба за цвеќињата £ помага да ги смени туѓите животи додека се бори да го надмине своето мачно минато.
„ДУВАЧОТ НА СТАКЛО ОД МУРАНО“ од Марина Фиорато е прекрасна комбинација на мистерија, историска интрига и на љубовна приказна. Оваа книга раскажува за страста, генијалноста и за предавството, а дејствието се случува во минатото и во сегашноста. Нора Манин решава да го напушти несредениот живот во Лондон и да им се врати на своите корени во Венеција. Таму почнува да ја открива приказната за својот предок, Корадино Манин, најголемиот уметник меѓу дувачите на стакло од легендарниот остров Мурано.
„СЕНКИ ОД ЕДНОРОГ“ од Ракел Мартинес, добитник на Европската награда за литература. Романот ја раскажува приказната за Клаудија, новинарка родена во Овиедо, но израсната во Аргентина. Се враќа во Шпанија во надеж дека ќе започне нов живот, и првата работа што ја наоѓа е во еден мадридски коктел-бар, „Еднорог“. Таму го запознава Едгар, кој исто така бега од своето тешко минато, и набргу двајцата сфаќаат дека колку и да се обидуваш, невозможно е да започнеш од нула…
„ФАМА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ“ од Светислав Басараспоред многумина еден од најдобрите српски романи од втората половина на 20. век, ја раскажува приказната за тајното братство на крстот на Розата, организација чии членови се среќаваат во соништата и црпат езотерично знаење контемплирајќи на велосипедот, кои се провлекуваат низ сите периоди од историјата и го создаваат минатото предвидувајќи ја иднината.
Тука се и хит-книгите – СТИВ ЏОБС – Волтер Ајзаксон, ЕДЕН ДЕН – Дејвид Николс, МАПАТА И ПРОСТОРОТ – Мишел Уелбек, ПАПАГАЛОТ НА ФЛОБЕР – Џулијан Барнс, Ако никој не зборува за скриени нешта – Џон Мекгрегор, АЈДЕ ДА ТИ РАСКАЖАМ – Хорхе Букај, ЛЕТ НАД ОБЛАЦИТЕ – Ричард Бах, РЕЦЕПТ ЗА ВИСТИНСКА СРЕЌА – Дипак Чопра, и преку 200 други со промотивни саемски цени!