Денеска (21 август, средавторник) во 20:00 часот во кафе-барот „Њу Ореланс“ во Старата скопска чаршија, премиерно ќе биде изведен театарскиот перформанс „Три сестри“ во режија на Теа Беговска. Првата реприза е закажана за утре (22 август, четврток).
Три сестри и нивниот брат – фаталистички ликови. Изложба на фотографии. Расте и јакне само еден сон – Москва!
Ова е сторија на луѓе со праволиниски живот, во една боја, еден тон, без многу среќа. Ликовите овде се инспирираат еден од друг, но секој е затворен сам во себе, секој со својата судбина – долго чекајќи едно исто нешто – да се оди за Москва. Но, се се сведува на чекање. Дефиницијата на нивниот живот не е пронајдена, таа е предодредена.
Ова е едно бледо сеќавање на животот на Трите сестри на Чехов – прикажано низ изложба на фотографии кои ќе станат инспирација за трите сестри да го кажат својот проблем.
…
Теа Беговска (23) дипломиран театарски режисер на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во класата на професор Дејан Пројковски. Дипломираше со претставата „Слугинки“ – Жан Жене, поставена во Народен театар Штип. Беше еден од режисерите на претставата „Вртелешка“ во Драмски театар. Од септемри продолжува со веќе започнатиот процес во Народен театар Охрид по текст на Мрожек – „На отворено море“.
„Три сестри“ е нејзин прв алтернативен проект, во соработка со Дејан Џолев кој ја постави комплетната визуелизација на перформансот. „Три сестри“ на 25ти август ќе гостува на уметничкиот фестивал „БОШ“ во Гевгелија.