Трета форумска сесија во Општина Илинден

Општина Илинден во соработка со Центарот за одржлив развој Алка во холот на Модуларното училиште ја организираше третата форумска сесија од Проектот „Форуми во заедницата“.

forum_opstina_ilinden

По регистрацијата и воведувањето во дневниот ред, од страна на 120-те учесници беа усвоени целите на третата форумска сесија.

Во текот на форумската сесија работните групи ги презентираа 10-те нацрт концепти, а по нивната презентација следeше и дискусија од страна на учесниците. Презентираните нацрт концепти се од областа на подобрување на комуналните услуги, тема која беше прифатен од учесници на првата форумска сесија.

Следните форумски сесии Проектот кој ќе добие најголема подршка од учесниците на форумот, ќе се реализира со средства во висина од 4,8 милиони денари, обезбедени од Швајцарската Агенција за развој и соработка 2,4 милиони денари и од Општина Илинден, во висина од 2,4 милиони денари

You May Also Like