Поради нестабилното време и третата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена “Долни Сарај” ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид.
Вечерва, 8 јули (понеделник) ќе настапуваат следните изведувачи:
– Ансамбл “СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ” ОД Крагујевац, Србија
– Ансамбл “Отекс” од Охрид, Македонија