Традиционален конкурс за најдобра фотографија од Скопје

Град Скопје традиционално распиша конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија со мотиви од Скопје и ги поканува професионалците, аматерите и учениците, вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.

Критериумите ги содржат следните точки:

– Мотивите на фотографиите да се од Скопје
– Да се достават минимум 10, а максимум 50 фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите
– По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии
– Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција
– Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години
– Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи сите пристигнати фотографии

Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

You May Also Like