„Точно на пладне“ – поетско читање во Мешеишта

Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ во соработка со управата на СВП, организира поетско читање што ќе се одржи денес (24.8.2013, сабота) во 12 часот, во просториите на општинската зграда во Мешеишта.

t

Оваа манифестација („Точно на пладне“ – поетско читање во Мешеишта) се случува втора година по ред, на која ќе биде понудена поезија од поети што творат во, но и надвор од Македонија, како што се: Маја Мојсова, Пере Ристески, Тодор Чалоски, Ѓоко Здравески, Ѓорѓи Калан, Петар Аврамоски, Иван Антоноски, Ѕвонко Танески, Елена Карамешиноска, Иван Трпоски (Австралија), Саво Костадиноски (Германија) како и Стеван Тонтиќ (Босна и Херцеговина).

You May Also Like