Вториот дел од манифестацијата „Топол културен бран“ утре (среда, 21 август) зaпочнува во Велес и ќе трае седум дена.
Манифестацијата во Велес стартува со промоција на книга од авторот Веле Алексовски, која ќе се одржи во локалната библиотека „Гоце Делчев“. Потао следува ретроспкеткивна изложба на академскиот сликар Ангел Петров кој одбележува 80 години живот и 55 години творештво.
Во рамки на втората етапа од Топлиот културен бран, свој концерт ќе одржи групата „Келтикум“ со репертоар од сефардски песни.
Потоа следува отворањето на сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“. Таа и годинава ќе се одржува во куќите на уметноста.
Следен настан е целовечерниот концерт на оркестарот на „Звонко Богдан“. Настапува тамбурашкиот состав „Равница“ од Војводина.
Веќе наредниот културното лето во Велчес ќе биде заворено со концерт на Кристина Арнаудова.
Манифестацијата „Топол културен бран“ се одржува шеста година по ред како дел од Велешкото културно лето.