Тековен репертоар во Cineplexx

Оваа кино недела на репертоарот ни пристигнуваат 3 нови филмски остварувања. Авантурата „Осамениот ренџер“ на индијанецот Тонто (Џони Деп) и неговиот пријател кој се во потрага по правдата ни доаѓа еден ден по неговата светска премиера. Од четвртокот премиерно се прикажуваат и „Со пот до пари“ и филмот на Содерберг „Нуспојави“.

Три нови филмски премиери и богата филмска недела исполнета со различни приказни,неверојатни глумци и потресни стории кои нема да ве остават рамнодушни.

Од 4 јули, еден ден по неговата светска премиера, во киното  Cineplexx се прикажува летниот блокбастер „Осамениот ренџер“. Станува збор за новата соработка на режисерот Гор Вербински, продуцентот Џери Брукхејмер и супер-ѕвездата, глумецот Џони Деп, во која тие тројца на потполно нов начин ги оживуваат исконските ликови на Осамениот ренџер и неговиот партнер Тонто.

Акциона авантура исполнета со хумор и вистинска филмска забава која креаторите на филмската франшиза „Пирати од Карибите“ ја создадоа за публиката ширум светот!

Американскиот војник Тонто (Џони Деп) се сеќава на приказната која никогаш не е раскажана, која го претвора Џон Реид (Арми Хамер), човекот кој го  почитува законот, во легенда. Филмот ја носи публиката на епско патување полно со изненадувања и урнебесни случки во кои двајцата наизглед неспоивливи јунаци мораат да научат да соработуваат како би успеале против лакомоста и корупцијата.

 

Истата вечер ни пристига и филмот базиран на вистинита приказна „Со пот до пари“. Филмот е под режисерската палка на Мајкл Беј, а главните улоги ги толкуваат Марк Вахлберг, Двејн Џонсон и Антони Мекки. Базиран е на новинарската сторија на Пит Колинс објавена во неколку едиции на Мајами Њу Тајмс во 1999 година, каде се збори за неколку случаи на киднапирање, измачување и убиство на невини жртви, од страна на група на криминалци која ги вклучува и личните тренери од Sun Gym.

Пристига и психолошкиот трилер „Нуспојави“. Филмските критичари го оценуваат филмот на Стивен Содерберг како пост-модерен Хичкок трилер препишувајќи му ги сите 5 ѕвезди за одличната работа.

Светот на една млада девојка се менува комплетно кога лек препишан од нејзиниот психијатар има неочекувани последици. Неповторливиот Стивен Содерберг ни претставува уште еден филм од низата на филмови кои ја менуваат перцепцијата за светот околу нас. Во овој напнат психолошки трилер, Руни Мара ја глуми улогата на депресивна жена чиј маж излегува од затвор наскоро. Со депресијата се бори со помош на лекови кои ги добива од својот психијатар. А последиците?

РАСПОРЕД НА КИНО ПРОЕКЦИИ:

Осамениот ренџер (Lone Ranger)

работни денови: 13:40, 16:40, 19:30, 21:00, 22:30

викенд: 13:40, 16:40, 19:30, 21:00, 22:30

Со пот до пари (Pain&Gain)

работни денови: 13:00, 15:30, 18:00, 18:50, 20:30, 21:20, 23:00

викенд: 13:00, 15:30, 18:00, 18:50, 20:30, 21:20, 23:00

Нуспојави (Side effects)

работни денови: 14:40, 17:00, 19:00, 21:30, 23:35

викенд: 14:40, 17:00, 19:00, 21:30, 23:35

Стажанти (Internship)

работни денови: 13:30, 18:00, 20:15, 22:40

викенд: 13:20, 15:40, 18:00, 20:15, 22:40

Светска Војна З 3D (World War Z)

работни денови: 16:30, 18:40, 20:50, 23:05

викенд: 16:30, 18:40, 20:50, 23:05

Човекот од челик (Man of steel)

работни денови: 14:30, 17:20, 20:00, 22:40

викенд: 14:30, 17:20, 20:00, 22:40

Земја: Нов почеток (After Earth)

работни денови: 16:00

викенд: 12:20

Мамурлак 3 (Hangover 3)

работни денови: 19:40, 21:40

викенд: 19:40, 21:40

Брзи и бесни 6 (Fast&Furious)

работни денови: 16:30, 19:00

викенд: 16:30, 19:00

Железниот човек 3 3D (Iron Man 3)

работни денови: 14:00, 16:20

викенд: 14:00, 16:20

 

АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ

Чудовишта од универзитетот 3D (Monsters University)

работни денови: 13:10, 14:10, 15:20, 17:30

викенд: 11:00, 11:50, 12:00, 13:10, 14:10, 15:20, 17:30

Чувари на тајното кралство 3D (Epic)

работни денови: 14:30

викенд: 12:30, 14:30

*Киното го задржува правото за промена на програмата.

You May Also Like