„Танец“ ги затворија Илинденските денови во Битола

Со исклучителниот концерт на Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“ од Скопје се затвори 43. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола.

zatvoranje_ilindenski_denovi_2013

Во неповторливиот простор на античкиот локалитет Хераклеа 3000 битолчани и гости од страна, меѓу кои најмногу од прекуокеанските земји громогласно ракоплескаа поздравувајќи ги изведувачите. Покрај „Танец“ на финалната фестивалска вечер настапија и Ансамбал „Слезание“ Дзиерзониов, Полска, Фолклорната група „Туфем“ Анкара, Турција, Фолклорниот ансамбал „Ерусалим “ од Израел и ГЕМП танцовата школа Крисиумал од Бразил. Во рамките на свеченото затворање беа доделени награди и признанија за најуспешните. Наградите ги додели Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.

 

zatvoranje_ilindenski_denovi_2013(2)

You May Also Like