Стручната литература и белетристиката најбарани во општинската библиотека Илинден

И покрај летната сезона и распустот на учениците „Општинската библиотека Илинден“ работи со полна пареа. Голем е бројот на ученици, студенти и граѓани кои секојдневно ја посетуваат библиотеката,дел од нив позајмуваат книги од богатиот библиотечен фонд, другите пак времето го поминуваат во читалната.

biblioteka Ilinden knigi
Најголем интереси членовите на библиотеката пројавиле за модерната литература белетристика и стручната литература. Со цел да го приближи пишаниот збор, пред се до најмладите, за првите 200 ученици и студенти што беа зачленети во „Општинската библиотека Илинден” годишната членарина е на трошок на Општина Илинден.

Општинската библиотека Илинден свечено беше отворена на 22 мај и љубителите на пишаниот збор можат да ја посетат секој работен ден од 08 до 20 часот.


Biblioteka Ilinden 2

Библиотеката во чии рамки се наоѓа и читална располага со фонд од над 10.000 книги од различни жанрови – белетристика, стручна литература, лектири, како и книгите од Проектите на Владата на Р.Македонија :

• „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“,

• “Едиција 130 тома македонска книжевност“

• “Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“.

Останатите книги се обезбедени од 7-та традиционална Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце” – симбол на Христовото Воскресение.

biblioteka Ilinden 11

You May Also Like