Сто илјади посетители во Сити Мол за три дена

Late night shopping за паметење. Повеќе од  сто илјади посетители го посетија Скопје Сити Мол изминатиот викенд.

Главната мотивација на граѓаните за масовната посетеност на трговскиот центар беше настанот Шопинг до полноќ организиран во петокот вечер кога трговскиот го продолжи своето работно време до полноќ а продавниците им понудија на посетителите неверојатни попусти.

Река од граѓаните го преплавија тровскиот центар во петокот попладне и вечерта. Граѓаните одлучија да ја искористат одличната можност и го одврзаа ќесето. Огромните попусти кои во некои дуќани достигнуваа и до 50% и 70%,  како и добрата забава беа доволни да го задржат вниманието на посетителите, па така огромен дел од нив поминуваа во трговскиот и по неколку часа во супер атмосфера.

Шопинг треската продолжи и во текот на целиот викенд кога на скопјани им се придружија и жителите на други градови. Бројот на посетител говори за успехот на настанот  а се очекува масовноста да продолжи во текот на целата сезона на летни попусти во трговскиот центар.

Скопје Сити Мол по примерот на сите големи светски шопинг центри, за прв пат, партнерски со Теа Модерна како единствен  life style магазин кај нас го организираше настанот Шопинг  до полноќ.

You May Also Like