Стартуваше првиот женски турнир во ракомет на плажа

Вчеравечер (петок, 30 август) на мулти функционалниот терен на песок на Градската плажа „Парк“, почна првиот Женски турнир во ракомет на плажа под покровителство на Град Скопје, а во соработка со Ракометниот клуб Работнички.

Otvoranje na zenski turnir vo rakomet na plaza 2013

Клубот што годинава прославува 65 години од своето постоење и Ракометната федерација на Македонија. Турнирот, вчеравечер, за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Град Скопје, веќе неколку години по ред, прави напори да обезбеди услови за практицирање на сите видови спорт, особено за масовните спортови и сметам дека успеваме да ги натераме скопјани од сите возрасти што повеќе да спортуваат, а со самото тоа и да живеат поздраво. Град Скопје се обидува на своите граѓани да им промовира и сосема нови спортови, но спортови кои што се веќе популарни во светот како што се одбојка на песок, ракомет на песок, фудбал на песок и се надевам дека со ваквата турнирска промоција успеваме се повеќе да ги приближиме овие спортови до скопјани. Ова е одличен начин скопјани да дојдат на трибините на градската плажа и да се запознаат со ракометот на песок. Би сакал да ја искористам можноста и уште еднаш да им го честитам роденденот на РК „Работнички“, истакна градоначалникот Трајановски.

Otvoranje na zenski turnir vo rakomet na plaza 2013 (2)

Во рамки на турнирот во женска конкуренција, ќе се натпреваруваат 6 младински екипи и тоа според Бергеровиот систем, секој со секого, а финалистите за првите три награди ќе се борат во недела. Натпреварите ќе се играат во термините од 18 часот до 23:30 часот.

Вчеравечер, во првиот натпревар помеѓу екипите на Рексона и Роса, по нерешениот резултат во регуларниот дел од натпреварот, на пенали подобри беа ракометарките на Рексона, коишто своите противнички ги победија со 5:4, во вториот натпревар подобри беа ракометарките на Неуромедика коишто ги надиграа ракометарките на Цеботекс со 2 – 0. Алкалоид и Патос изиграа нерешено во регуларниот дел од натпреварот, па мораше за победникот да решаваат слободните погодоци и натпреварот заврши со 4:3 на пенали за ракометарките на Алкалоид, додека пак Неуромедика загуби од Рексона со 0:2. Последните два натпревари, вчеравечер, се одиграа со конечни резултати 0:2 за Патос против Цеботекс и Роса-Алкалоид 0:1.

Otvoranje na zenski turnir vo rakomet na plaza 2013 (4)

Овој турнир, како и првиот машки турнир во ракомет на песок, што се одржа минатиот викенд, е еден вид промоција на нови спортови во Македонија. Турнирот ќе трае до недела 01.09.2013 година, а РК „Работнички“ по повод 65 годишниот јубилеј организира низа на спортски манифестации. Сите овие манифестации се под покровителство на Град Скопје и се дел од годишната програма за спорт на градот.

РК Работнички за прослава на јубилејот, а по повод 8 Септември, ќе организира уште еден голем спортски настан како што е Големиот сениорски ракометен турнир кој што ќе има Меѓународен карактер. Веќе се пријавени три домашни супер лигашки екипи. 65-тиот роденден на РК Работнички ќе го прослави на 23 септември оваа година, а бил формиран далечната 1948 г. Како промотори на овој турнир и на овој, во светот, се популарен спорт, се јавуваат повеќе македонски ракометни легенди, а покровител на турнирот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like