Од денеска (2 август, петок) до 4-ти август во кампот „Мрдаја“ во близина на Дојран ќе се одржи еко-музички фестивал „Аларм за природата 2013“.
Како што е наајвено, покрај љубителите на добра музика и кампување во природа покрај Дојранското Езеро, ќе има и претставници на голем број невладини организации, училишта, амбасади, приватни претпријатија и други субјекти кои преку предавања, работилници и презентации ќе ја искажат грижата за природата и желбата за нејзино зачувување.
Македонските бендови Мизар,Фолтин, Ха,ха,ха и шоуменот Игор Џамбазов заедно со „Гуру Харе“, се само дел од изведувачите на второто издание на фестивалот „Аларм за природата