Стартува првиот женски турнир во ракомет на песок

Град Скопје во соработка со Ракометниот клуб Работнички, којшто годинава прославува 65 години од своето постоење и Ракометната федерација на Македонија, почнувајќи од вечерва 30 август (петок) до 1 септември (недела), организира прв турнир во ракомет на песок во Македонија во женска конкуренција.

Otvoranje na prv turnir vo rakomet na plaza (5)

Ракометниот клуб Работнички по повод 65 годишниот јубилеј организира низа спортски манифестации. Сите овие манифестации се под покровителство на Град Скопје и се дел од годишната програма за спорт на градот. Натпреварите ќе се играат на Ракометното игралиште на песок на Градската плажа „Парк“ во термините од 18:00 часот до 23:30 часот.

Во рамки на турнирот во женска конкуренција, ќе се натпреваруваат 6 младински екипи и тоа според Бергеровиот систем, секој со секого, а финалистите за првите три награди ќе се борат в недела. Овој турнир, како и првиот машки турнир во ракомет на песок, што се одржа минатиот викенд, е еден вид промоција на нови спортови во Македонија, но спортови коишто се веќе популарни во светот, како што се одбојка на песок, ракомет на песок, фудбал на песок.

РК Работнички за прослава на јубилејот, а по повод 8 Септември, ќе организира уште еден голем спортски настан како што е Големиот сениорски ракометен турнир, којшто ќе има меѓународен карактер. Веќе се пријавени три домашни супер лигашки екипи. 65-тиот роденден РК Работнички ќе го прослави на 23 септември оваа година, а бил формиран далечната 1948 г.

Како промотори на овој турнир и на овој, во светот, се популарен спорт, се јавуваат повеќе македонски ракометни легенди, а покровител на турнирот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like