Стартува ликовната колонија „Скопје 2013“

Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Stone Bridge“, денеска (10 август, сабота) ќе започне со работа 8-та по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2013“, а ќе се одржува до 21 Август.

bezisten skopje carsija

Годинава на 8-та колонија ќе учествуваат десет академски ликовни уметници, од различни генерации и од различни животни средини. Тоа се: Христина Стојчевска, Љубица Мешкова Солак, Ирина Титиева, Мирјана Крстева Массетти и Димитар Солаковски, од Македонија, како и Карен Агамијан од Ерменија, Букурије Далладаку од Германија, Сара Ерика Марија Хедберг од Шведска, Симеон Панајотов од Бугарија и Зоран Чалија од Србија.

Меѓу многуте активности на полето на културата, Градот Скопје го поддржува и одржувањето на Колонијата, што годинава се одржува во хотелот „Stone Bridge“, сместен во срцето на Старата скопска чаршија којашто според својата местоположба и многуте културно-историски споменици претставува место каде што од минатото, па се до денес се вкрстосувале и поврзувале различни цивилизации и култури, место со импресивно богато културно наследство.

You May Also Like