Во рамките на третата вечер (среда, 31 јули) на фестивалот „Илинденски денови“ битолчани и гостите од страна ќе може да уживаат во Вечер на староградска музика и игра која ќе се одржи на терасата на Дом на АРМ Битола со почеток во 20 часот.
Во рамките на истата ќе настапат групи од Прилеп, Штип, Битола, Велес, Гевгелија како и Полска и Словенија.
Во рамките на третиот фестивалски ден продолжува Семинарот за традиционална музика и игра и фолклорните презентации во Старата битолска чаршија, а ќе се одржи и проекција на етно филмови во Културен центар Магаза со почеток во 22 часот.