Промотивните активности на Државна лотарија на Македонија и ова лето се убав начин за забава и дружење со нашите играчи.
Освен приликите да ги играат нашите игри на среќа, нашите играчи имаа можност и да добијат пригодни изненадувања- брендирани подароци. Најинтересно е тоа што се постигнаа помали и поголеми премии. Една од нив е автомобилот Поло, добивка изгребана во Инстант лотаријата Среќни тркала.
Под мотото За добро, тимот на Државна лотарија на Македонија се упати во Охрид, кон продажното место Прагма Трејд, самото место од каде е купен добитниот инстант лоз. Охриѓани возбудено се собраа околу нас, топло поздравувајќи го својот сограѓанин, среќниот добитник кој на оваа убаво дружење ги доби клучевите на својот нов автомобил Поло.
Трајчевски Сашо е младо момче, кој заедно со членовите на своето семејство е пасионарен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Покрај добитната грепка, тој купил уште неколку лоза. Интересно е што токму добитната грепка била последна на продавачката, а таа, предходно сакала и самата да ја купи за себе, но случајно решила да му ја отстапи на Сашко. Тој пак, не ја изгребал веднаш, туку тоа одлучил да го направи во својот дом. 4те тркала симболично му откриле дека следниот автомобил Поло од 2та серија Среќни тркала е токму негов.
Инаку, ова е 16ти од вкупно 20 автомобили Поло, премии во Инстант лотаријата Среќни тркала, што значи во игра се уште 4, како и бројни парични помали и поголеми добивки. За потсетување, досега се возат 4 Поло автомобили низ улиците во Скопје, по две во Гевгелија и Ресен, а едно во Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Македонски брод, Битола, Кавадарци, Тетово и последново во Охрид.
Тајната на инстант лозот Среќни тркала е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.
За добро,
Државна Лотарија на Македонија
(комецијален текст)